Американците „маѓепсани“ од Дончиќ: Легендарна сцена… (ВИДЕО)

Лука Дончиќ во победата против Њу Орлеанс го одигра натпреварот на својата кариера. Далас победи со 143-130 а Словенецот за 40 минути постигна 46 поени, четири повеќе од досегашниот свој рекорд.

Дончиќ повторно ги „маѓепса“ Американците, па веќе интензивно се споделуваат неговите најдобри потези од натпреварот. Еден од нив сигурно за издвојување.

На почетокот од последната четвртина словенечкиот кошаркар од свртување на една нога, токму од местото на кое е нацртана сенката на Дирк Новицки, во идентична поза, погоди шут…

„Ликот на Новицки под Дончиќ изгледа како сенка. Неверојатно“ – објавуваа навивачите на Далас.

Се вчитува...