Поранешниот македонски репрезентативец Мартин Мирчевски е најголемото засилување за ФК Пелистер во пресрет на новата натпреварувачка сезона. По неколку години поминати во домашниот шампионат и на интернационалната сцена, битолчанецот одлучи повторно да го облече зелено-белиот дрес на својот матичен клуб.
Зад Мирчевски стои богато прволигашко и меѓународно искуство, со оглед на тоа што во својата кариера настапуваше за екипи како Вардар, Академија Пандев, ТСЦ Бачка Топола, Железничар Сараево и Силекс.
Својата најдобра форма ја покажа токму во Струмица, каде што во дресот на тогашна Академија Пандев „експлодираше“ со 16 постигнати голови на само 18 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
