Американците начекаа аутсајдер, па го растурија

Селекцијата на САД конечно заличи на „дрим-тим“ откако во последниот меч од првата фаза од СП 2019 го декласираше националниот тим на Јапонија со преубедливи 98-45. Откако во минатото коло едвај се спаси од пораз од Турција, американскиот состав не дозволи ништо слично против „самураите“. Аутсајдерот во групата настрада бидејќи Американците максимално сериозно ги одиграа сите 40 минути, не дозволувајќи му на противникот „да го види кошот“, спуштајќи ги Јапонците под 50 постигнати поени.

Првата четвртина заврши со резултат 23-9, а Американците одиграа беспрекорно во нападот во вториот период, добивајќи го со 33-14. Третите десет минути завршија со 20 поени предност на избраниците на Попович (28-8), кои во последниот период покажаа малку милост кон аутсајдерот во групата.

Џејлен Браун со 20 поени беше прв стрелец во овој убедлив триумф, Барнс додаде 14, а Харис и Мичел по 10 поени за американскиот национален тим.

Се вчитува...