Американците не сакаат да им се повтори Кина – И Томпсон ќе игра за САД во Токио

Седмото место и дебаклот кој им се случи на Соединетите американски држави на Светското првенство во Кина, ги натера најдобрите кошаркари во НБА лигата да бидат дел од ЛОИ кои догодина ќе се одржат во Токио.

Клеј Томпсон е последниот кошаркар кој го потврди своето учество, откако не беше заинтересиран да настапи за САД на Мундобаскетот во Кина.

„Сакам да играм за САД. Тоа е планот. Сакам да бидам на ЛОИ во Токио“, изјави Томпсон. 

Покрај Томпсон своето присуство го потврдија и неговите соиграчи Стеф Кари и Дрејмонд Грин, како и првата ѕвезда на Портланд Демјен Лилард.

Се вчитува...