Американците не се „страшни“: Ова е нивниот тим за СП во Кина

Американскиот кошаркарски тим во последните десетина години беше страв и трепет за ривалите на големите натпреварувања, но тоа нема да биде случај на СП во Кина. Иако повторно е исполнет со НБА-кошаркари, американскиот состав е далеку од „дрим-тим“, што им дава надеж на противниците дека би можеле да изненадат и да стигнат до златото на овој светски шампионат.

По најновите откази, селекторот Попович на располагање има 13 кошаркари, и тоа: Харисон Барнс (Сакраменто), Џејлен Браун (Бостон), Џо Харис (Бруклин), Кајл Кузма (ЛА Лејкерс), Брук Лопез (Милвоки), Крис Мидлтон (Милвоки), Донован Мичел (Јута), Мејсон Пламли (Денвер), Маркус Смарт (Бостон), Џејсон Тејтум (Бостон), Мајлс Тарнер (Индијана), Дерик Вајт (Сан Антонио) и Кемба Вокер (Бостон). Од овие 13, селекторот Попови следната седмица ќе ги избере 12-те патници за Кина.

САД ќе го отвори шампионатот со дуел против Чешка, а покрај овој ривал се наоѓа во група уште со селекциите на Јапонија и на Турција.

Се вчитува...