Американците победнички пред стартот на Мундобаскетот: Славје против Канада на последниот тест

Кошаркарите на САД со победа го завршија подготвителниот циклус пред стартот на Мундобаскетот славејќи со 84-68 против селекцијата на Канада.

На натпреварот кој се одигра пред 15.000 гледачи во Сиднеј, Американците до триумфот ги водеше Џејлен Браун со 19 поени. Донован Мичел и Кемба Вокер запишаа по 12 поени, а Мајлс Тарнер забележа „дабл-дабл“ учинок од 10 поени и 15 скокови. Најдобар кај Канаѓаните беше Кајл Вилтјер со 21 поен.

Ова беше последен тест за САД пред Светското првенство во Кина кое стартува на 31. август. САД е во група со Чешка, Турција и Јапонија, додека Канаѓаните се во група со Литванија, Австралија и Сенегал.

Се вчитува...