Американците се загреваат: Пред 51.000 фанови до „стотка“ против Австралија

Соединетите Американски Држави немаат „дрим-тим“ како што тоа е „обичај“ на големите натпреварувања, но Американците сепак составија респектабилен состав од НБА-кошаркари кои дефинитивно нема да се предадат во бобрбата за златниот медал на СП во Кина. Од натпревар во натпревар селекцијата на Грег Попович игра се подобро, па така денеска американскиот национален тим славеше на контролниот дуел со Австралија со убедливи 102-86.

Мечот во Мелбурн беше вистински спектакл одигран пред 51.000 фанови, чија поддршка сепак беше недоволна за Австралија да го земе скалпот на фаворитот. „Кенгурите“ целосно парираа во првото полувреме, но потоа Американците ја презедоа контролата во вторите 20 минути и стигнаа до двоцифрена победа.

Кемба Вокер очекувано беше најефикасен во таборот на САД со 24 поени, Мајлс Тарнер постигна дабл-дабл од 15 поени и 14 скокови, Мичел додаде 13, а Кузма 12 поени за победничкиот тим. Главни поединци во таборот на Австралија беа Гоулдинг и Милс со по 19 поени.

Се вчитува...