Американците со Швајнштајгер го испратија Чикаго на СП?!

На претставувањето во Чикаго, Бастијан Швајнштајгер доби смешно прашање. Американците го прашаа дали Чикаго со него може да победи на Светско првенство?!

Иако последниве години во САД се вложуваат напори и пари за за се подигне квалитетот и популарноста на фудбалот или за нив „сокер“, Американците, се уште не ги знаат ни основните работи за овој спорт. Pa, фудбалерот кој пред две години ја освои споменатата шампионска титула на фудбалскиот Мундијал, сега доживеа да му постават такво прашање на официјалната прес-конференција.

bastian cikago

Ситуацијата се обиде да ја спаси портпаролот на Чикаго, појаснувајќи дека Чикаго не може да игра на СП.

„Ние не се натпреваруваме во Светскиот куп, но ајде да го приспособиме ова прашање и да зборуваме за Купот во МЛС“ – рече претставникот на Чикаго.

Иако во прв момент остана затекнат од прашањето, Швајнштајгер на крај изреагира професионално и се обиде да одговори.

shvajni cikago

Во фудбалот се е можно. Секогаш верував дека тимот за кој играм може да го добие натпреварот, дури и да игра против најдобриот во светот. Само, не е мој стил да ветувам дека ќе ја освоиме лигата. Сакам да го добиеме следниот дуел и да одиме натпревар по натпревар, па на крај да видиме до каде сме стигнале. Тоа е се што можеме да направиме. Секако, јас се надевам дека Чикаго еден ден ќе дојде до светска клупска титула, како што посочува вашето прашање“ – со насмевка одговори Бастијан Швајнштајгер.

Германецот се обидува што побрзо да се приспособи на новата средина по преселбата од Манчестер јунајтед во Чикаго, па и да се снаоѓа со чудните прашања на Американците.

Се вчитува...