Милан славеше на пријателскиот натпревар со Манчестер јунајтед со 4-2, меч што беше од посебно значење за Рубен Аморим ако се знае дека португалскиот стратег пред нецела година доби отказ од „црвените ѓаволи“.
Аморим поставува нови стандарди во Милан и јасно стави до знаење дека очекува максимален ангажман, а меѓу оние кои ќе мора да се навикнат на новата ситуација е Рафаел Леао. Португалскиот крилен офанзивец воопшто не настапи против Јунајтед, медиумите информираат за конфликт меѓу него и Аморим, а самиот тренер не крие дека очекува повеќе од она што Леао го покажал од стартот на подготовките.
„Леао е под доворо со него, среќни сме што е тука, но тоа не значи дека сигурно ќе игра. Видовте на последниот меч, сите фудбалери кои излегоа на терен се бореа максимално во секој момент од натпреварот. Леао треба да го стори токму тоа, мора да се бори, се друго е помалку важно. Дали е стандарден првотимец? Видовте како играа сите на последниот меч, покажаа и квалитет и карактер, така што никому местото не му е сигурно“, истакна Аморим.
Леао се обидува да си замине од Милан, но слабата форма во последните сезони сериозно ја намали неговата вредност на пазарот. Милан инсистира на отштета од 50 милиони евра и не дозволува позајмици, опција за која моментно заинтересиран е единствено Галатасарај, па останува да се види дали португалскиот офанзивец до крајот на овој преоден рок ќе го засили актуелниот првак на Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
