Рубен Аморим, тренерот кој го превзема Манчестер Јунајтед со цел да го врати онаму каде што припаѓа го очекува нова бурна сезона во која сите погледите ќе бидат насочени кон „Олд Трафорд“.
Очигледно е дека на фудбалерите на славниот англиски клуб им треба дополнителна мотивација со оглед на претходните сезони кои беа едни од најлошите во историјата на клубот па затоа Португалецот измислил интересно правило.
Имено, според англиските медиуми поранешниот тренер на Спортинг сака конкурентност и за време на тренинзите па имплеменитал правило оној тим кој ќе го загуби тренинг натпревар ќе мора да ја собере целата опрема. Ова првило веќе и вродило плод па тренинзите на клубот наликуваат на оние од најдобрите денови кога Манчестер Јунајтед важеше за тим со исклучитени борци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

