„Аморим не го интересира кој си, туку да даваш 100 отсто на терен“

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо, изјави дека целосно го поддржува бескомпромисниот став на Рубен Аморим и неговата желба да ја подобри ситуацијата во соблекувалната. Тој исто така рече дека атмосферата понекогаш била „многу токсична“.

Рубен Аморим дојде во Јунајтед во тешка ситуација во ноември минатата година и од самиот почеток беше јасно дека неговите барања кон играчите се многу строги на неколку нивоа.

Маркус Рашфорд и Алехандро Гарначо, кои на крајот од сезоната беа двајца од петте играчи кои побараа да го напуштат клубот, ги загубија своите места во тимот речиси веднаш.

„Рубен дојде со барања. Менталитетот е важна работа. И тој многу зборува за тоа, бара 100 проценти во сè и не прифаќа ништо помалку. Ако некој дава 90 проценти – тоа не е доволно. Мислам дека особено оваа година нема да прифати ништо под тоа, ако не се снајдеш добро, нема да играш“, изјави Шо. 

Се вчитува...