Аморим: Не се сложувам со Руни и Невил

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, ги отфрли критиките од поранешните играчи на „црвените ѓаволи“, Вејн Руни и Гери Невил, кои го обвинија дека тврдоглаво се држи до формацијата со тројца централни дефанзивци.

„Не гледам на тоа низ системот. Начинот на кој примаме голови и создаваме шанси нема никаква врска со системот, тоа е мое мислење. Кога ги гледам натпреварите што не ги добивме, најважно е да се види дека не сме изгубиле поради системот. Ако другите мислат поинаку, тоа е во ред“, рече Аморим.

Аморим се осврна и на трагичниот настан во Манчестер, каде што две лица беа убиени во напад врз синагога.

„Живееме во луди времиња, за жал се случуваат вакви работи. Нашата поддршка е со жртвите и ќе им оддадеме почит на „Олд трафорд“ во сабота“, заклучи менаџерот на Јунајтед.

Се вчитува...