Тренерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим, истакна дека не е загрижен доколку се случи во следниот период да биде отпуштен од клупата на тимот од Олд Трафорд.
Аморим е под се поголем притисок поради фактот што неговиот тим продолжува со бледите партии и во новата сезона, и оствари две победи и три порази во првите шест кола од Премиерлигата.
„Никогаш не се грижам за губењето на работата. Не сум таков човек. На крајот на краиштата одлуката не зависи од мене. Се додека сум тука, ќе направам се што можам“, рече Аморим по мечот со Брентфорд кој „Црвените ѓаволи“ го загубија со 3-1.
„Црвените ѓаволи“ во новото премиерлигашко коло ќе го пречекаат Сандерленд, но останува да се види дали Аморим ќе биде на клупата или до крајот на оваа седмица Португалецот ќе добие отказ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

