Аморим по пласманот во финалето на ЛЕ: „Парите не се најважни, секој меч има своја историја!“

Португалецот на клупата на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, успеа да стигне до финалето во Лигата на Европа со тимот од „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ успеаја да го елиминираат тимот на Атлетик Билбао во полуфиналето и со тоа да го закажат големото финале со Тотенхем.

„Секој натпревар има своја историја. Изгубивме три натпревари од нив досега, но можеме да го добиеме овој. Кога ќе ги погледнете коефициентите, ние сме поблиску до победа отколку што се тие. И двата тима ќе играат на сè или ништо во ваков тип натпревар. Речиси е изедначено. Ние се мачиме и тие се мачат, па не знам што ќе се случи. Тоа е доброто и лошото во врска со овој меч. Никогаш не се знае. Значи, ќе се обидеме да се подготвиме за натпреварот и мислам дека напредуваме“ – рече Аморим на синоќешната прес-конференција.

За Манчестер Јунајтед, финалето во Лигата на Европа ќе биде најдобрата шанса да се пласираат во Лигата на шампионите, бидејќи нема да можат да го сторат тоа преку Премиерлигата.

„Се согласувам дека парите не се најважна работа, дури ни титулата што ја освојуваш како тренер. Но, тоа чувство го имаме кога правиме добри работи, кога правиме нешто за навивачите, особено во сезона како оваа. Значи, се согласувам дека не е само можноста да играме во Лигата на шампионите следната година, туку чувството дека всушност ги менуваме работите“ – дополни Аморим.

Финалето во Лигата на Европа ќе се игра на 21 мај во Билбао.

Се вчитува...