Аморим по поразот од Арсенал: Докажавме дека можеме да ги победиме сите во Премиерлигата

Манчестер Јунајтед со пораз ја започна новата сезона во Премиерлигата. Во дербито на првото коло подобар од „црвените ѓаволи“ на „Олд Трафорд“ беше Арсенал кој славеше со минимални 0-1.

Тренерот Рубен Аморим изрази незадоволство за крајниот резултат за кој мисли дека не е фер според прикажаното на теренот, но е горд на своите играчи кои како што вели докажале дека можат да победат било кој противник во Премиерлигата.

„Тешко е да загубите на ваков начин“, вели Амрим осврнувајќи се на контроверзно примениот гол. „Тешко е и да морате да се туркате и да одите на топка. Но мора да бидеме посилни во вакви моменти и мораме да го правиме исто на спротивната страна. Не ги менуваме правилата, треба да се прилагодиме на нив“

„Ова беше добар настап. Горд сум на играчите и покрај тоа што на крајот загубивме. Може и да победите и да загубите, но горд сум на тоа како настапија. Убаво е чувството. Денеска докажавме дека можеме да победиме на секој натпревар во Премиерлигата особено против силен тим како Арсенал. Ние бевме подобриот тим“, додаде португалскиот стратег.

Се вчитува...