Аморим разочаран: Сакавме да победиме, но…

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека неговите играчи не успеале да играат на начин што му одговара на Брентфорд , наместо да ја играат својата игра. „Црвените ѓаволи“ претрпеа уште еден бледа пораз под водство на Португалецот и загубија со 3-1.

Со овој пораз Аморим се најде под уште пожесток притисок од јавноста, по слабиот старт и три порази во шест меча во Премиерлигата.

„Чувството е секогаш исто. Сакавме да победиме, но не ја контролиравме играта. Бевме збунети, први топки, втори топки, прекини. Во клучните моменти, сè беше против нас. Тешко е повторно да се изгуби, но мора да гледаме кон следниот натпревар. Во некои моменти видов дека се бориме, но можеме подобро. Тоа е главната работа. Првата топка, по преземањето, тоа е она на што работевме во текот на неделата. И прекините. Знаевме дека ќе бараат високи топки и ќе имаат ситуации кога со еден допир може да се заканат. Денес не ја игравме нашата игра и само во некои моменти успеавме да ја преземеме контролата“, рече Аморим.

Се вчитува...