Аморим се двоуми меѓу двајца напаѓачи

Фудбалерот на Астон Вила, Оли Воткинс, и Бенџамин Шешко од Лајпциг се на врвот на листата на желби на Манчестер Јунајтед, доколку тој клуб одлучи да доведе напаѓач во летниот преоден рок.

Меѓу раководството на Јунајтед постои согласност дека ако сакаат да доведат нов играч, клубот мора да се откаже од оние на кои не сметаат, што можеби нема да се случи до крајот на преодниот рок на 1. септември, објави Би-Би-Си.

На врвот на листата се Шешко и Воткинс, но раководството нема да има лесна задача да ги доведе. Астон Вила не е заинтересирана за продажба на Воткинс и бара 60 милиони фунти за него, што Јунајтед го смета за премногу. Тој има договор до 2028 година на „Вила Парк“.

Голем број европски клубови се заинтересирани за Шешко, вклучувајќи го и Њукасл, бидејќи се очекува напаѓачот Александар Исак да го напушти „Сент Џејмсис Парк“. Шешко постигна 13 гола во Бундеслигата минатата сезона.

Засега, прв избор на тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, е напаѓачот Расмус Хајлунд, кој постигна десет гола на 52 натпревари минатата сезона.

Се вчитува...