Аморим: Трофејот во ЛЕ нема ништо да промени, но многумина ќе нѐ гледаат поинаку

Утре се игра финалето во Лигата на Европа, по кое ќе биде познато дали Манчестер Јунајтед или Тотенхем ќе играат во Лигата на шампионите идната сезона, со оглед на нивната очајна сезона во Премиер-лигата, каде се на дното на табелата.

Рубен Аморим, тренерот на Манчестер Јунајтед посочи дека освојувањето на Лигата на Европа нема да смени ништо во тимот, но дека многумина поинаку ќе гледаат на екипата во иднина.

„Не мислам дека победа на овој меч ќе успее да го „покрие“ сето она што се случуваше во последните неколку месеци. Многумина ќе гледаат на нашиот тим поинаку во иднина, бидејќи освојувањето е навистина важно. Но, тоа нема да смени ништо во оваа сезона. Меѓутоа освојувањето на овој трофеј може да ни помогне чувство кое ќе ни помогне да ја градиме иднината на овој тим“, рече Аморим.

Се вчитува...