АМС ги одреди добитниците на наградата „8-ми Септември“

Агенцијата за млади и спорт согласно Законот за државни награди ја објави Одлуката за доделување на највисоко признание за животно дело и признанија за остварувања во областа на спортот донесена на седница на Одборот за доделување на државната награда „8-ми Септември“ одржана на ден 02.09.2022 година.

Наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмациајта и промоцијата на Македонија на меѓународен план се доделува на Чедо Николовски.

Наградата, пак, со која се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот се доделува на Атанас Костовски, Зоран Карановиќ, Стојан Андриевски и Ацо Јорданов.

Се вчитува...