АМС ги прогласи најдобрите: Дејан Георгиевски е спортист на 2021 година (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Агенцијата за млади и спорт вечерва ги прогласи најдобрите спортисти оваа година, а сосема очекувано и заслужено наградата му припадна на носителот на олимпискиот сребрен медал во таеквондо Дејан Георгиевски.

Оваа награда доаѓа по историскиот успех на ОИ во Токио, што беше најголем успех на олимписките игри на Македонија. Неговиот тренер Дарко Костовски е избран за најдобар тренер, додека Таеквондо федерацијата е прогласена за најдобра спортска федерација.

Мери Акиевска ја собра наградата за најдобра спортистка која освои четири златни медали на светскиот шампионат во бодибилдинг.

За најдобри млади спортисти прогласени се ракометарката на Металург, Ива Младеновска и каратистот Столе Смилковски од Олимпик.

Фудбалската репрезентација прогласена за најдобар национален тим, поради настапот на Европското првенството и обезбедениот бараж за Мундијалот. Најдобар женски национален тим е кадетската ракометна репрезентација.

Се вчитува...