АМС им го објасни ваучер-системот на клубовите и на федерациите

Во спортот ќе бидат инјектирани нови 6 милиони евра, како поддршка за клубовите и за федерациите. Претставниците на владата и на Агенцијата за млади и спорт објаснија како ќе функционира новиот ваучер-систем за финансирање во спортот кој стартува од 2019 година.

Со претставници од националните спортски федерации разговараа директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски со стручен тим при АМС, посебните советници за спорт од Владата на РМ, Даниел Димевски и Ѓорѓи Тасев, кои ги истакнаа критериумите за користење на ваучерите во спортот, како дополнителен извор за финансирање. Целиот процес се води низ транспарентен и инклузивен пристап.

Со овој систем воведуваме нови 6 милиони евра со што значително го подигнуваме нивото за развој на квалитет и ја зголемуваме финансиската моќ на спортските клубови. Клубовите и федерациите ќе може преку ваучер систем да обезбедат сигурен партнер во финансирањето на програмите“, истакнаа од Агенцијата за млади и спорт.  

Се вчитува...