АМС ќе им додели државна пензија на Начевски и Николов!

Најдобрата македонска ракометна судијска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска беа примени од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, кој им се заблагодари за придонесот кој  го даваат за спортот во Македонија.

Начевски и Николов неодмана ја делеа правдата на олимпиското финале помеѓу Франција и Данска, а долгогодишната работа ги стави и во конкуренција за национално спортско признание. Покрај тоа АМС работи и за измени на законот за „спортската пензија“ со цел и судиите да можат да ја добијат истата.

„Се надевам дека многу спортисти и професионални работници кои се во спортот ќе ги следат нивните чекори. Нашата држава во Токио ја претставија на најдостоинствен начин и го судеа финалето, со тоа, можам да кажам дека освоија златен медал и покажаа дека ракометот е спорт еден во нашата држава“, изјави Мојсоски.

За Начевски и Николов, Летните олимписки игри во Токио беа третти по Лондон и Рио де Жанеиро.

„Ракометот е спорт број еден, а ние бевме едни од претставниците на тој тимски спорт. Се надевам дека некој ќе го повтори иако е многу тешко. За да дојдеш од Македонија треба да бидеш три пати подобар од останатите за да бидеш на исто рамниште“, изјави Начевски.

Се вчитува...