АМС ќе помага во случајот „Марко Симоновски“

Агенцијата за Млади и Спорт е подготвена да почне разговори со Марко Симоновски и со Македонската Кошаркарска Федерација околу „случајот Симоновски“ и ненавременото осигурување на репрезентативците на почетокот од подготовките.

Како што е добро познато, Симоновски се повреди на еден од првите тренинзи на кошаркарската репрезентација, но проблемот настана откако беше обелоденето дека МКФ не ги осигурала кошаркарите од првиот ден на подготовките. Згора на тоа, МКФ одби да ги покрие примањата на Симоновски за периодот во кој е повреден (сума што ќе ја покриеше ФИБА доколку играчот беше осигуран), формирајќи медицинска комисија и објавувајќи дека воопшто не станува збор за нова повреда, вината префрлајќи ја врз самиот кошаркар.

Симоновски во изјава за ЕКИПА изрази разочараност од случувањата и од односот на федерацијата кон оние кои го носат националниот дрес, но сега директорот на АМС, Дарко Каевски, покренува иницијатива за проблемот да биде разрешен.

„Сакаме да поставиме стратегија за вакви работи да не се случуваат, не само во кошарката туку и во сите останати спортови. Точно е, разговарав со Симоновски и сакаме да најдеме решение, но тоа да биде генерално и да важи и за слични ситуации во иднина. Оптимист сум дека ќе се најде заеднички јазик“ – изјави Дарко Каевски за ЕКИПА.

Се вчитува...