АМС со признание за Миркуловски: Идол што продолжува да мотивира нови генерации

Долгогодишниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски денеска беше специјален гостин на Агенцијата за Млади и Спорт, каде му беше врачено признание за особен придонес за афирмација на ркаометот.

Директорот на АМС, Наумче Мојсовски, кој долги години беше клупски и репрезентативен колега со Миркуловски, имаше само пофални зборови за ракометната легенда.

„За ракометарот нема последна игра! 🤾‍♂️

Ниту еден спортист не застанал тука каде што кажал крај! 🤾‍♂️
Неговиот придонес и со дела и како идол, продолжува да мотивира нови генерации, да создава одлични спортисти!
Филип Миркуловски не можеше да има подобара последна игра! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰
Ја однесе Македонија на светско и беше дел од репрезентација која испишува историја!🇲🇰🇲🇰🇲🇰
Моја чест и задоволство е што денеска и како директор на Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport, но и како соиграч на Миркуловски имав можност да му оддадам признание за особен придонес за афирмација на ракометот“, напиша Мојсовски на својата фејсбук-страница.

Се вчитува...