Ана Марија поради Дончиќ останала будна до 5 часот наутро

Девојката на еден од најталентираните кошаркари на денешницата, Лука Дончиќ, Ана Марија Голтес во моментов е во Словенија, но и покрај големата временска разлика таа не сака да пропушти ниту минута од натпреварите на своето момче.

Таа се наоѓа на модната недела во Љубљана, но и покрај сите обврски не сакала да го пропушти првиот меч на Лука во новата сезона.

„Го гледав натпреварот. По завршувањето на модниот настан отидов дома и останав до пет наутро како би го гледала првиот меч на Лука сезонава. Потоа се слушнавме, беше пресреќе бидејќи одлично ја отворија новата сезона“, изјави Ана Марија. 

Далас во првиот меч во новата го совлада Вашингтон Визардс, а Дончиќ со 34 поени беше прво име во таборот на Мавс.

Се вчитува...