Анадолу Ефес со топ-засилување за новата сезона

Анадолу Ефес сериозно ги засили редовите во пресрет на новата сезона потпишувајќи едногодишен договор со Крис Синглтон. Крилниот центар ја мина ланската сезона во дресот на Барселона, а откако не доби понуда за нов договор со каталонскиот гигант се најде на листата со желби на бројни евролигашки екипи.

Од неколкуте понуди на негова адреса Синглтон ја избра онаа на европскиот вицепрвак Анадолу Ефес, па веќе во текот на оваа седмица ќе почне со тренинзи под водство на тренерот Атаман.

Синглтон минатата сезона имаше просек од осум поени и 4,4 скокови по натпревар во Евролигата.

Се вчитува...