Анализа на „ЕСПН“: Роналдо, најпознат спортист во светот

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е најпознат спортист во светот, според анализата на американската спортска телевизија „ЕСПН“. Во големото истражување што го спроведе овој познат медиум, преку споредба на статистички показатели од социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и Инстаграм, како и пребарувањето на Гугл, пресметано е дека Роналдо е најпознатиот спортист на планетата. На второто место е Леброн Џејмс, кошаркарот на Кливленд кавалирс.

Третата позиција во ова истражување му припадна на фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, а потоа следат тенисерот Роџер Федерер и голферот Фил Микелсон. Меѓу првите десетмина најпознати спортисти во светот се и Нејмар, Усаин Болт, Кевин Дурант, Рафаел Надал и Тајгер Вудс.

Се вчитува...