АНАЛИЗА – Судиите беспрекорни во 7. коло од ПМФЛ

Без ниту една судиска грешка поминаа натпреварите од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига изминатиов викенд.

Сето тоа согласно определбата на Фудбалската федерација на Македонија за одржување на нивото на судење во Македонија, кое според и анализата на судиските организации при УЕФА, е меѓу најпозитивно оценетите во Европа.

„По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и последно одиграниот првенствен натпревар од ова коло од Првата МФЛ, Судискиот одбор изразува задоволство од судиските перформанси и конзистентност во интерпретацијата на Правилата на фудбалската игра. За време на претстојната пауза во првенството заради одигрувањето на репрезентативните натпревари на А селекцијата, Судискиот одбор ќе продолжи со стручна анализа и со давање дополнителни технички инструкции на судиите, со посебен акцент на унифицираната примена на Правилата на игра и дисциплинските критериуми“ – информираа и од ФФМ по завршувањето на натпреварите од седмата рунда натпревари во елитното друштво во Македонија.

Се вчитува...