Еден од најдобрите тренери на сите времиња Карло Анчелоти, отрки како Роман Абрамович му дал отказ од клубот. Тој признава дека во неговото време во Челси било сосема поразлично од било каде на друго место.
Прославениот италијански тренер откри во новата автобиографија дека животот под водство на рускиот олигарх Роман Абрамович бил постојана борба што немала многу врска со фудбалската слобода.
„Абрамович беше како постојана сенка што ме надвиснуваше секој ден“, пишува Анчелоти.
„Имав фантастични моменти во Челси, но во воздухот чувствував дека успехот е само почеток. Со Абрамович не можеше да се дише“, рече Итлаијанецот.
Тој пристгна на Стемфорд Бриџ во 2009 година, и го водеше клубот до титула во Премиерлигата и во ФА Купот во својата прва сезона. Се очекуваше тоа да биде долгорочен проект, но реалноста беше понинаква. Челси не успеа да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите, по што Анчелоти веднаш беше отпуштен.
Според Анчелоти, она што најмногу го разликуваше Абрамович од другите сопственици беше неговиот пристап: „По поразот од Виган во септември, тој лично беше на тренинг следниот ден. Бараше објаснувања како да е дел од тимот за имплементација. Ниеден друг сопственик, без разлика дали е Берлускони, Ал-Келаифи или Перез, не беше толку вклучен во секојдневната работа.“
Решавачкиот момент се случи кога Челси се соочи со Манчестер Јунајтед во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а Анчелоти одлучи да го замени Фернандо Торес на полувремето. Шпанецот, кој потпиша за рекордни 50 милиони фунти, не беше во форма.
„Торес се бореше сам со себе, главата и нозете му беа тешки“, се присети Анчелоти.
„Знаевме дека му треба време. Но, мене ми требаше резултат. Абрамович го сфати потегот како лична навреда. Заменувањето на Торес беше директен сигнал до сопственикот. Во тоа време, заборавив дека никогаш не можеш да го победиш сопственикот“, напиша тренерот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

