Наполи го совлада Цирих со 1-3 во првиот дуел од 1/16-финалето во Лигата на Европа, но тренерот Карло Анчелоти сепак не беше комплетно задоволен. Ги критикуваше условите за игра, и пред се топката со која се игра во ова натпреварување.
„Победивме, треба да бидеме среќни, но не можевме да покажеме допадлива игра. Теренот беше многу лош, но и топката. Таа е многу полесна од оние со кои се игра во Серија А и во ЛШ, и има неприродни движења. Ако некој има намера Лига Европа да стане сериозно натпреварување, тогаш мора да ја смениме топката“, изјави Карло Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА