Анчелоти: Азар не зборувал со мене, инаку би му дал објаснување

Еден Азар и дефинитивно не се снајде добро во таборот на Реал Мадрид. Откако дојде во Челси, игра само епизодна улога, ретко добива шанса, а доволен доказ е дека сезонава настапи само три настапи во Ла Лига.

Белгиецот дојде како големо засилување и замена за Кристијано Роналдо, но Винициус се наметна пред него, па Азар сега е во втор план. Тренерот Карло Анчелоти ја објасни ситуацијата со крилниот фудбалер.

„Секој фудбалер ја знае својата позиција. Ако некој играч сака објаснување, јас ќе му дадам. Но, Еден Азар не зборувал со мене. Тој има разбирање дека конкуренцијата во тимот е голема“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...