Анчелоти: Би сакал Асенсио да остане, но нема да бараме замена ако замине

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио е пред заминување од таборот на „кралевите“. Шпанецот поради слабата минутажа бара клуб каде ќе ја продолжи кариерата, а во моментов и натаму е дел до Реал Мадрид.

Некогаш важниот играч за Реал, во последните години не ја добива шансата, а Карло Анчелоти ја коментираше неговата ситуација, напоменувајќи дека сака да остане.

„Немам вести за Асенсио. Се ќе биде јасно на 2. септември. Ако остане ќе бидам воодушевен, затоа што тој е важен играч за нас затоа што даде значен придонес во нашите настапи. Ако замине, тогаш нема да потпишене со никого, затоа што имаме квалитетни играчи“, рече Анчелоти.

Сезонава Асенсио одигра само еден меч за „кралевите“.

Се вчитува...