Анчелоти: Бразил ќе го освои Светското првенство

Бразил може да го освои Светското првенство, тврди селекторот на оваа селекција Карло Анчелоти. Бразил ќе игра на Мундијалот против Мароко, Хаити и Шкотска, и важи за еден од најголемите фаворити за освојување на пехарот.

Искусниот Анчелоти беше прашан дали Бразил ќе го освои Светското првенство.

„Мислам дека да. Сакам да создадам високи очекувања кај играчите. Кога очекувањата се високи, мотивацијата е преголема. Талентот може да се искористи преку кохезивен тим. Токму на ова треба да работиме и ќе работиме. Психолошкиот аспект е клучен. Играчите мора да бидат несебични, скромни, да работат напорно кон заедничка цел и да придонесуваат за тимот“, изјави стручњакот.

Се вчитува...