Анчелоти: Дајте видео-бим за помош на судиите

Карло Анчелоти не го криеше разочарувањето по елиминацијата на Баерн Минхен од Лигата на шампионите. Италијанецот не сакаше директно да го обвини судијата Касаи за поразот, но побара од УЕФА да најде начин за судиските грешки во иднина да се минимизираат.

Имаше серија на грешки кои одеа во прилог на противникот и му дадоа предност што влијаеше на конечниот резултат. Можеби треба да се разгледа воведдување на видео-бим за да им се помогне на судиите при ситуации за кои не се најсигурни. Ако имаше снимка ќе се видеше дека Видал не го ни допира Асенсио, тоа никако не може да биде црвен картон. Двата гола на Роналдо во продолженијата беа од офсајд. На вакви натпревари УЕФА мора да стави поквалитетни судии, или да воведе видео-бим. Имаме право да бидеме разочарани, заслуживме повеќе, ретко кој води на Бернабеу по 90 минути игра, но за жал не го крунисавме тоа со пласман во полуфиналето“ – изјави Анчелоти.

Се вчитува...