Анчелоти дава отказ по Генк, веќе си најде и нова работа

Кризата во Наполи му дојде преку глава на Карло Анчелоти, кој решил самиот да си поднесе оставка по дуелот од Лигата на шампионите против Генк За ова бил известен и претседателот Аурелио де Лаурентис, а веста прв ја објави Ди Марцио, кој важи за најупатен во случувањата во италијанскиот фудбал.

Анчелоти не успева да најде излез од кризата во Наполи, во меѓувреме си создаде конфликти и со претседателот и со голем дел од фудбалерите, па разделбата делува неижзбежно. Во случај на отказ Наполи ќе требаше да му плати на трофејниот стратег 500.000 евра, додека во оваа ситуација разделбата ќе биде без никаков надомест. Двете страни се договориле тоа да се случи по клучниот натпревар од ЛШ против Генк, на кој Наполи мора да слави за да се пласира во осминафиналето.

Анчелоти веќе го договорил и следниот клуб во кариерата – англиски Арсенал. Британските медиуми во последните денови тврдеа дека тој е главен кандидат за наследник на Унаи Емери, а последните преговори вродиле со плод, па тој ги прифатил понудените услови за преселба во Лондон.

Што се однесува до Наполи, главен фаворит за наследник на Анчелоти останува Џенаро Гатузо, кој веќе од четврток би можел да го прифати новиот предизвик во кариерата.

Се вчитува...