Анчелоти ги изненади сите: Иско си оди, но Марсело останува наш капитен!

Карло Анчелоти немаше потреба да прави длабока анализа на натпреварот кој го одиграа Реал Мадрид и Бетис, кој во најголем дел беше ревијален и на крајот заврши со најнепопуларните 0-0.

Фактот што натпреварот не носеше никакво резултатско значење направи двата тима да немаат преголем мотив за надигрување, па така пресмтката на „Бернабеу“ се претвори во проштална вечер за двајца фудбалери кои беа на теренот.

Иско Аларкон и Марсело најверојатно ги одиграа последните натпревари пред домашната публика, но ако Карло Анчелоти го потврди тоа за првиот, за вториот остави простор за преговори со клубот и изненади со својата изјава.

„Марсело се уште не се збогувал со нас, се уште останува наш капитен. Тој ќе биде наш капитен и лидер и во финалето во Париз. Ако на крајот стварно се збогува, тоа ќе значи дека си оди еден од најдобрите бекови во светот. Сепак, јас мислам дека Марсело преговара со клубот и може да се случи нешто“, изјави Анчелоти.

За разлика од Иско и Марсело, Бејл не беше дел од протоколот и не можеше да се збогува со домашната публика на „Бернабеу“, бидејќи тој со 100-процентна сигурност си оди по крајот на сезоната.

„Бејл сакаше да се збогува и сакаше да игра. Сепак, не беше подготвен за игра. Тој ќе има последна шанса да се одјави во финалето, мислам дека ќе биде подготвен за мечот со Ливерпул“, изјави Карло.

Се вчитува...