Анчелоти: Главен приоритет на Реал е финалето во ЛШ, на некои играчи им треба одмор

Реал Мадрид синоќа загуби во градското дерби со Атлетико, а тој епилог не е изненадување ако се знае дека „кралскиот клуб“ веќе ја обезбеди титулата, па тренерот Карло Анчелоти реши да одмори дел од своите првотимци.

Главен приоритет на Реал сега е финалето на Лигата на шампионите, па италијанскиот стручњак објасни какви му се плановите со составот до крајот на сезоната.

„На овој дуел беше важно да им дадеме шанса на фудбалерите кои имаат помала минутажа, имаме доволно време да се подготвиме за финалето на Лигата на шампионите. Ќе се подготвуваме физички и тактички за тој натпревар, а ротациите се неопходни за одмор на неколку фудбалери кои имаат неопходна потреба од тоа. Бензема, Модриќ и Винисиус ќе се вратат во првиот тим на дуелот со Леванте“, најави Анчелоти.

Финалето на ЛШ меѓу Реал Мадрид и Ливерпул се игра на 28. мај во Париз.

Се вчитува...