Анчелоти го продава Томас Милер, а го купува Хамес Родригез?

Германскиот првак Баерн Минхен е подготвен да го продаде крилниот напаѓач Томас Милер, кој оваа сезона е далеку од некогашната форма, пишува „Билд“. Тренерот на баварскиот клуб Карло Анчелоти проценил дека нема место за Милер во стартниот состав на неговиот тим и дека најдобро ќе биде тој да биде ставен на трансфер – листа. Сепак, неговата цена сега ќе биде многу помала во однос на минатата година, кога тој блескаше и беше еден од најдобрите во тимот на Баерн Минхен.

Анчелоти сака со продажбата на Томас Милер да ослободи нови финансиски средства за ангажман на колумбискиот интернационалец Хамес Родригез од редовите на Реал Мадрид. Тој е незадоволен од минутажата што ја добива кај Зинедин Зидан, а многу поголема доверба во него имаше токму Карло Анчелоти кога седеше на клупата на „кралскиот клуб“. Овие промени на „Алијанц арена“, сепак, најверојатно би се реализирале во летниот преоден рок.

Се вчитува...