Анчелоти ја откри тајната на Бејл: Сите мислат дека го исмејува Реал, а всушност…

Герет Бејл е на удар на навивачите на Реал Мадрид поради неговата незаинтересираност за клубот од „Сантијаго Бернабеу“. Искусниот офанзивец не беше на прославата на титулата во Ла лига, а тој рече дека тоа го направил поради големите болки во грбот.

32-годишникот не беше на „Сантијаго Бернабеу“ ниту на мечот против Манчестер сити во Лигата на шампионите, а навивачите на „кралевите“ се гневни бидејќи мислат дека тој го исмејува клубот.

Сепак, вистината е многу поразлична. Тренерот на шпанскиот шампион, Карло Анчелоти пред мечот со Атлетико Мадрид ја откри вистинската причина.

„Воопшто не е разделен од тимот. Постојат многу околности за целата ситуација. Тој не е со нас бидејќи не може да се движи. Слични проблеми имав и јас, верувајте не е наивна работата“, изјави Анчелоти. 

Се вчитува...