Анчелоти ќе ги „чува“ Бензема, Алаба и Родриго за реваншот со Сити

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти пред утрешниот меч со Хетафе кажа дека нема да смета на играчите кои се уморни, и дека нема да настапи со најсилниот состав.

Италијанецот кажа дека неколку играчи се пожалиле на повреди после дуелот со Сити кој заврши без победник 1-1, и дека на нив нема да се смета, а други може ќе се најдат на клупата.

„Темпото во изминатиот период беше доста напорно. Некои играчи се неизвесни затоа што добија повреди против Манчестер Сити како Бензема, Алаба и Родриго. Себаљос и Менди се вратија и може да играат утре. Винициус и Куртоа ќе бидат во комбинација за мечот“, коментираше Анчелоти и додаде:

„Натпреварот во вторник не е тема за сега. Нашиот фокус сега е на утрешниот меч“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...