Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти најави дека својата тренерска кариера ќе ја заврши во „кралскиот клуб“, откако претходно успеа да го освои европскиот Суперкупот, запишувајќи уште еден трофеј во богатата колекција.
Карло овојпат изјави дека целта на Реал е да го повтори успехот од манатата сезона, да ги освои Ла Лига и Лигата на шампиони (ЛШ), но и останатите трофеи за кои ќе се борат.
„Ќе ја завршам карирата во Реал. Овој клуб е на врвот и привилегија е да се пензионирам во Мадрид … нашата цел е да го потвориме успехот од минатата сезона“, кажа Анчелоти.
Италијанецот ја почна кариерата во 1995 година, при што предводеше многу тимови, меѓу кои се Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Баерн Минхен, Евертон, а лани се врати во Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА