Анчелоти: Не си давам оставка, ако сака Де Лаурентис, нека ме избрка

Карло Анчелоти го одведе Наполи во осминафиналето од Лигата на шампионите, потврди дека утре ќе има состанок со претседателот Де Лаурентис, но гласно демантираше дека размислува да си поднесе оставка од тренерската функција. „Наполитанците“ се наоѓаат во огромна криза во домашното првенство, медиумите веќе го најавија вечерашниот дуел со Генк како последен за Анчелоти на клупата, но трофејниот стратег јасно стави до знаење дека ако такво нешто се случи, нема да биде по негова желба.

„Ќе се сретнам утре со Де Лаурентис и ќе дискутираме за целата сиутација. Една работа треба да е јасна, јас нема да си дадам оставка, ниту сега ниту било кога во кариерата. Ако Де Лаурентис смета дека е неопходна тренерска смена, нека ми даде отказ“ – изјави Анчелоти по вечерашниот триумф.

Сега притисокот е врз Де Лаурентис, кој наводно веќе се договорил со Џенаро Гатузо за екс-тренерот на Милан од утре да седне на клупата на Наполи. Сепак, со отказот за Анчелоти тој ќе треба да му исплати на сегашниот тренер отштета од 500.000 евра за предвремениот прекин на соработката.

Се вчитува...