Анчелоти: Ништо не е готово, уште ја паметам Ла Коруња

Карло Анчелоти му изрази поддршка на Арсен Венгер по острите критики што се упатуваат на адреса на францускиот стручњак, кој по се изгледа летово ќе си замине од Арсенал. Баерн Минхен го декласираше Арсенал со 5-1 на првиот натпревар на „Алијанц Арена“, но Анчелоти нема намера да експериментира со составот без оглед на убедливата предност.

Искрено ми е жал за Венгер, тој е човек кој има направено толку многу за Арсенал, а сега се соочува со огромен притисок. Мислам дека Арсен не заслужува да биде толку жестоко критикуван, но исто така и сум убеден дека тој е доволно искусен за да најде излез од оваа ситуација. Едно е јасно, без оглед на почитта кон него, ние вечерва ќе бидеме ривали, а јас нема да тактизирам со составот, туку ќе настапиме со нашите најдобри единаесет фудбалери“ – изјави Карло Анчелоти.

Искусниот италијански стратег се присети и на непријатната случка од 2004 година, кога како тренер на Милан имаше предност од 4-1 против Ла Коруња, за потоа да доживее пораз од 4-0 на реваншот и „росонерите“ еда бидат елиминирани од елитното европско натпреварување.

Низ годините се обидував да го заборавам тој инцидент, но уште ја паметам Ла Коруња. Затоа и упорно им повторувам на моите фудбалери – ништо не е готово, мораме да бидеме внимателни од самиот почеток бидејќи Арсенал сигурно ќе се обиде да постигне гол во најраната фаза од натпреварот“ – истакна шефот на стручниот штаб на Баерн.

Се вчитува...