Карло Анчелоти веќе го крои тимот на Реал Мадрид за следната сезона, па Италијанецот во план има Еден Азар да го користи како централен напаѓач.
Според „АС“ целта е да се спаси кариерата на Азар на „Сантиаго Бернабеу“, но и во тимот да има замена за Карим Бензема.
Анчелоти бара алтернатива за Бензема, бидејќи Јовиќ замина, па верува дека Азар може добро да одговори на напаѓачката позиција како „лажна деветка“.
Азар пак откако пристигна во Реал во 2019 година е само бледа сенка на фудбалерот кој беше во Челси, најмногу поради честити повреди.
Реал го стави Белгиецот на трансфер листа, но бидејќи нема понуди, Анчелоти најде начин како да биде корисен во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА