Анчелоти: Ова е големината на Реал Мадрид, им пуштив на играчите мотивациско видео….

Карло Анчелоти ужива во новите моменти на слава откако италијанскиот стратег оствари нов фантастичен успех со пласманот во финалето од Лигата на Шампионите, со елиминација на ПСЖ, Челси и Манчестер Сити.

„Тоа е големината на овој клуб, што не ти дозволува да се предадеш во ниту еден момент, дури и кога губиш и ти требаат два гола да се вратиш, а се игра судиското продолжение. Ова е Реал Мадрид, ние секогаш веруваме во себе и ништо не е невозможно. Можеме да бидеме горди, ќе играме финале, а на патот до него елиминиравме три екипи кои беа меѓу главните фаворити за титулата“, истакна Анчелоти.

Тој откри и какво мотивациско видео подготвил за фудбалерите во пресрет на синоќешниот реванш.

„Склопивме компилација од сите пресврти кои ги направивме во текот на сезонава, како во ЛШ така и во домашното првенство. Го погледнавме видеото, кое завршуваше со зборовите, ајде уште еднаш… И успеавме“, задоволно изјави Анчелоти.

Во големото финале Реал Мадрид за противник ќе го има Ливерпул.

Се вчитува...