Анчелоти: Овој Реал е најдобрата екипа која сум ја водел во кариерата!

Карло Анчелоти, менаџерот на Реал Мадрид убедливо го почна стартот на сезоната и е лидер во Примера. „Кралевите“ во дербито на колото ја совладаа Севиља (3-1), на релативно лесен начин.

Италијанецот по ваквиот исход упати пофални зборови за своите играчи, потенцирајќи дека ова е веројатно најдобрата екипа која ја водел во кариерата.

„Овој тим е уживање да го тренираш, бидејќи сите ги почитуваат моите одлуки и не предизвикуваат проблеми. Ова е една од најдобрите, ако не и најдобрата екипа која сум ја предводел во кариерата“, изјави Анчелоти.

Зборовите на Анчелоти можат да бидат само мотив повеќе за играчите на Реал Мадрид, особено ако се земе в предвид какви тимови водел стручњакот во минатото.

Се вчитува...