Анчелоти помина без казна поради критики кон судиите

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ќе остане неказнет откако остро го критикуваше судијата на натпреварот на неговиот тим против Жирона пред две недели. Реал и Жирона одиграа нерешено 1-1, а на прес-конференцијата Италијанецот беше многу остар во критиките кон главниот судија на натпреварот и изјави дека тој и неговиот тим го измислиле пеналот за Жирона.

Жирона израмни и стигна до бод на овој натпревар од белата точка по играњето со рака на Марко Асенсио во шеснаесетникот. Дисциплинската комисија го разгледуваше овој случај, но беше одлучено Анчелоти да не биде казнет.

Секако, одлуката предизвика бурни реакции кај другите клубови, особено кај Валенсија, чиј тренер Хозе Гаја беше суспендиран на четири натпревари поради коментар на судењето.

Се вчитува...