Анчелоти после поразот од Барселона му рекол на Перез: Не се грижи, ќе ја освоиме Ла Лига и ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вчера по освојувањето на Лигата на шампионите со Реал, откри неколку детали кои биле актуелни во последните месеци. Италијанецот призна дека после  поразот од Барселона, најразочаран бил претседателот Флорентино Перез, но Анчелоти го смирувал.

Наводно Италијанецот му рекол на првиот човек на клубот дека Реал ќе се закити со двете титули, и на крајот успеа во тоа.

„Не се грижете претседателе, ќе ги освоиме Ла Лига и Лигата на шампионите“, му соопштил Карло на Перез веднаш по тешкиот пораз на домашен терен од Барселона која тогаш победи со 0-4.

Се вчитува...