Анчелоти потврди дека Касемиро сака да го напушти Реал Мадрид

Бразилскиот фудбалер Касемиро е блиску до напуштање на Реал Мадрид и преселба во Манчестер Јунајтед. Тоа го потврди и тренерот на „кралевите“ Карло Анчелоти кој потврди дека разговарал со фудбалерот.

Иако никој не веруваше, сепак, Бразилецот не можеше да одолее на понудата од Јунјатед, кој му нуди поголема плата од сегашната.

„Зборував со Касемиро и ми потврди дека сака да си оди и дека му треба нов предизвик. Јас го разбирам и нема да му застануваме на патот“, изјави Анчелоти.

Се очекува веќе денеска или утре Касемиро да замине на прегледи во Манчестер, и да го стави потписот на договорот. Со тоа тимот од „Олд Трафорд“ добива огромно засилување во средниот ред.

Се вчитува...