Анчелоти пред Мундијалот: Кој се плаши од повреди, нека остане дома и нека легне на кревет

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одговори на прашањето дали неговите играчи стравуваат од повреди пред одржување на Мундијалот во Катар, и даде интересен одговор.

Тој кажа дека оној кој се плаши да не се повреди, може да остане дома и да гледа филм легнат на кревет.

„Повредите се дел од фудбалот. Ако не сакате да се повредите, тогаш легнете си дома. Повреда може да се добие и на тренинг. Во моментов сите играчи на Реал сакаат да тренираат. Ако некој ми каже дека не сака да тренира и дека се плаши, нека остане дома, нека гледа ТВ емисии или филмови, ги има многу“, рече Анчелоти. 

Италијанецот кажа дека засега неговите играчи добро се носат со повредите.

„Сега е интензивен период во сезоната, има многу натпревари. Добро се држиме, и за нас Светското првенство ќе се одржи во вистинско време. Играчите не резмислуваат за Мундијалот дури и ако сакаат здрави да заминат во Катар“, изјави иралијанскиот стручњак. 

Се вчитува...